Дурант сака да игра за САД и на ЛОИ во 2028 година

36

Една од најголемите ѕвезди на НБА лгата, Кевин Дурант не ја исклучи можноста за учество на Олимписките игри во 2028 година како дел од американскиот тим.

Кошаркарот на Хјустон изјави дека неговото евентуално вклучување во составот на САД ќе зависи од тоа дали може да остане меѓу најдобрите играчи во земјата до моментот кога ќе се формира составот.

„Зависи од Грант Хил и што сака да направи со тимот на САД. Продолжувам да работам на подобрување на мојата игра и се надевам дека ќе добијам повик, но има толку многу одлични играчи кои заслужуваат место во тимот“, рече Дурант.

Олимписките игри во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес. Дурант е веќе четирикратен олимписки шампион со репрезентацијата на САД, освојувајќи злато на Игрите во 2012, 2016, 2020 и 2024 година.

ПретходноХиберниан поразен дома во очекување на првиот дуел со Шкендија
СледноТотре од Косово се пресели во Албанија