Англија и Велс му откажаа „љубов“: Инфантино притиснат да си даде оставка!

155
фото: El Comentario (X)

Англија и Велс се првите две земји кои што ги повлекоа писмата за поддршка на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави новинарот и инсајдер на „Скај њуз“, Роб Харис.

Според него и други европски асоцијации имаат намера да го отфрлат реизборот на Инфантино. Претходно беше објавено дека неколку високи функционери на ФИФА, вклучувајќи го и генералниот секретар Матијас Графстром, вршат притисок за оставка на Инфантино, знаејќи дека ако тоа не се стори, ќе му се изгласа недоверба. Изборите за претседател на ФИФА се закажани за 17 март 2027 година.

Инфантино е претседател на ФИФА од февруари 2016 година. Пред тоа, тој работеше во УЕФА.

ПретходноАко го мине Хиберниан: На Шкендија и се смешка нов плеј – оф двомеч со Гент!
СледноЈунајтед се засилува со левиот бек на Њукасл