Бразилскиот ММА борец Алан Насцименто почина на 35-годишна возраст по срцев удар, објави УФЦ.
Алан Насцименто беше пронајден мртов во својот стан. Според достапните информации, тој починал во сон од срцев удар.
„И покрај брзата реакција на службата за итна медицинска помош, тој почина на самото место. Нашите мисли се со семејството на Алан, на кое им изразуваме искрено сочувство, како и со пријателите и другарите во овие исклучително тешки моменти“, соопшти УФЦ.
Насцименто се бореше во категоријата мува категорија, а својата ММА кариера ја започна во 2011 година. Дебитираше во УФЦ во 2021 година.
За време на својата ММА кариера, тој забележа 22 победи и седум порази. Беше на работ да влезе меѓу првите 15 борци во својата категорија.










