Македонските кадети ја победија и Турција

158

Македонската кадетска репрезентација ја запиша втората победа на Европското првенство кое се одржува во Белград. После Италија, избраниците на селекторот, Горан Кузманоски славеа против Турција со 27-29 (15-13).

Ѓорѓи Николовски беше одличен на нашиот гол, запиша 13 интервенции. Поповски постигна 9 гола, два помалку имаше Дамчевски.

Нашите ракометари одиграа одлично во второто полувреме, на стартот направија серија од 8-2 и поведоа со 17-21. Кадетите не застанаа тука, дојдоа на плус шест (20-26). Турција продолжи да прави притисок, намали на три гола негатива 24-27. Кузманоски повика тајм-аут, немаше реализација. На минута и пол до крајот, Турција реализираше за 25-27. Поповски ја прекина серијата, погоди за 25-28 и стави крај на сите дилеми.

Во првото полувреме Турција беше подобра, отвори со 4-1 и 7-3. Македонија на двапати поведе со еден гол разлика (10-11 и 11-12), но противникот на одморот замина со плус два (15-13).

Македонија е втора во новофоримираната група ќе игра за пласман од 9. до 16. место.

ПретходноНејмар со шокантна изјава: На крајот од годината можеби ќе се пензионирам!
СледноЃоковиќ предлага револуција во тенисот!