Македонскиот првак утре (18:30 часот) на домашен терен го пречекува Алборг во рамките на 3 коло во Лигата на шампиони. Вардар зад себе има едно реми и една победа, во претходното коло во СЦ „Јане Сандански“ убедливо беше совладан Мешков Брест за три бода во групата.
Алборг сезонава ја почна со два триумфи, станува збор за квалитетен тим. Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека утре дуелот ќе биде поинаков. “Оптимисти сме. Ние се наоѓаме во специфична ситуација, одигравме шест меча во 14 дена, екипата е уморна. 10 играчи за домашниот меч паузираа, па сега мора да се вратат во ритам. Алборг ги изненади сите, игра одличен ракомет.
Сето ова пак е мотив за нас да одиграме сериозен меч. Претходните мечеви се добра покана за фановите да дојдат и да не поддржат. Она што до сега го одигравме не се споредува со утрешниот натпревар. Се надевам дека ќе ја продолжиме позитивната атмосфера Ако ги добиеме нив тогаш нашите амбиции се навистина сериозни”, изјави Вујовиќ.