Врдар 1961 нема многу време за одмор за дуелот со Алборг по дербито со Е. Пелистер. Актуелниот македонски првак влезе во силен ритам, па заморот се чувствува.
Тимур Дибиров признава дека промените во составот за домашните мечеви не им дозволува да го постигнат нивото за овој период од сезоната.
“Ништо не може да го подигне тимот како победа. Гледам дека се заборава дуелот со Алборг, сигурен сум дека на нивни терен ќе падне некој силен тим, затоа за нас бодот е како победа.
Ние сме во таков ритам, што не можеме да се опуштиме, тоа не е возможно поради тие што паузираат во домашните мечеви.
Влегуваме во Бундес ритам, се надева дека ќе победиме, па ваќа ќе се жалиме дека сме уморни”, изјави Дибиров денешната прес конференција.
Мечот меѓу Вардар 1961 и Алборг се игра утре со почеток во 18:45 часот, билети се уште има во слобода продажба.