Немања Милошевиќ играчот кој е со статус на репрезентативец на Црна Гора е најновата аквизиција на тимот на МЗТ Скопје.
Станува збор за ептен искусен крилен центар, кој летово тренираше со тимот на Будуќност, но на крајот не се најде меѓу кошаркарите кои влегоа во првиот тим на црногорскиот шампион. Негов последен клуб е Студентски центар, новиот член на АБА-лигата исто така од Подгорица, а претходно во кариерата има играно за Морнар, Јамбол, Бургас, Бриндиси, Орлеанс, Орадеа, Лукоил и Солнок. Зад себе има две шампионски титули во Црна Гора и една во Бугарија.
Милошевиќ ќе им се приклучи на хрватскиот интернационалец Роберт Рикиќ, како и на Американците Дастин Вер и Хуан Дејвис, кои од почетокот на подготвителниот период се дел од МЗТ Скопје.