И Словачка е пресилна за нас

48

Со конечни 65-80, женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години денеска загуби од соодветната секција на Словачка, на тековното Европско првенство Б дивизија.

Македонија го забележа четвртиот пораз на овој турнир, а овојпат сепак, имавме реални шасни за позитива. Затоа што по првиот дел имавме минимално водство од 44:43, за да потоа имаме голем пад во играта.

Постигнавме многу малку поени во вториот дел, за разлика до противникот кој што го искористи нашиот слаб период.

Ива Колева со 22 постигнати поени беше најефикасна во македонскиот табор, а двоцифрен ефект имаа и Трајковска со 16 и Милосављевиќ со 10 поени.

ПретходноМилан и Интер ремизираа во далечната Австралија
СледноДон Флорентино го заврши најскапиот трансфер во историјата!