Македонските кадети ги решија „фараните“ и заверија пласман на Светско првенство

590
Фото: ФФМ

Македонската машка кадетска репрезентација дојде до нова победа на Европското првенство, овој пат вредна – билет за настап на Светското првенство 2027 година. Избраниците на Горан Кузманоски во битката за пласман од 9-то до 16-то место беа подобри од Фарски Острови со 32-34 (13-18).

Победата е максимално заслужена бидејќи Македонија беше подобар противник во поголем дел од мечот, иако и овој пат имаше пад во играта, но истиот на голема среќа не се одрази резултатски. Ова беше натпревар во кој судиите покажаа четири црвени картони, два за Македонија, два за Фарски Острови.

Николовски имаше десет одбрани, Ѓорѓиески и Ѓорѓиевски со по седум голови беа први стрелци во нашите редови.

Првото полувреме Македонија го заврши со водство од 13-18. Наместо да бидеме комотни после водството од 17-24, нашите момци влегоа во криза. Противникот направи серија од 7-0 и израмни на 24-24. Во меѓувреме Горан Кузманоски повика тајм-аут, кој веднаш не вроди плод, но среќа конечно Македонија успеа да реализира после долго време, тоа го стори Јовиќ. Николовски во вистинско време ја запиша деветата одбрана, а Вујчевски зголеми на 24-26. Во 49-та минута, Ѓорчевски доби црвен картон, претходно иста казна доби и Николоски. Ова не се одрази на нашата игра бидејќи Поповски зголеми на 24-27. Следеше период на чести исклучувања во редовите на Македонија, па финишот на мечот беше неизвесен, позитивата беше од два до три гола. Поповски на минута до крајот од седум метри постигна важен гол за 31-33. Беше вистинска брканица на теренот, која заврши со среќен крај за Македонија.

Следен противник на Македонија е Португалија.

ПретходноГеорг Стојановски и официјално во Лусаил
СледноБрегалница се пофали со Матеј Ангелов