Бојан Крстевски е нов играч на Куманово!

159

Куманово во следната сезона добива сериозно засилување под обрачите. Бојан Крстевски е ново име на тимот предводен од Марин Докузовски.

Македонскиот репрезентативец после седум години се раздели со МЗТ Скопје каде беше еден од главните лидери во составот на актуелниот првак со кого освои се што можеше да се освои.

Во Куманово продолжува да се гради успешна кошаркарска приказна, амбициите се високи, па токму затоа покрај странски се бираат и квалитетни домашни кошаркари.

Крстевски кариерата ја започна во Работнички, играше уште за Центар, Вардар, Торус, Кавала и Кожув.

ПретходноРеал Мадрид го потврди трансферот на Диоманде
СледноСудии за ПМФЛ: Трпчевски на дербито Вардар – Шкендија!