Дориев со нов, победнички гол за Согдиана!

74

И дефинитивно Љупче Дориев станува синоним за голови кога е во прашање шампионатот на Узбекистан. Попладнево во меч од 16.коло во тамошната елитна фудбалска лига, Македонецот стрелаше за својата Согдиана во 77.минута против Андијан. Еден гол сосема доволен за победа од 1:0. Па така со оваа нова победа благодарение на Дориев, Согдиана полека, но сигурно бега од опасната зона на табелата.

Овој гол за македонскиот интернационалец беше 12-ти сезонава со што е убедливо водечки стрелец во тамошната лига.

Нема што, Дориев е во страшна голгетерска форма во елитниот шампионат на Узбекистан.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Трпчевски на дербито Вардар – Шкендија!
СледноФилевски е верен на Брегалница