Македонскиот репрезентативец Бобан Николов вечерва ќе истрча на легендарниот „Сантијаго Бернабе“ во битка против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Ова е веројатно најголемиот натпревар кој на клупски план кој ќе го одигра нашиот репрезентативец.
Тој веќе настапуваше во Лигата на Европа со Вардар, играше на младинското ЕП и на сениорското, а сега е ред и за Лигата на шампионите. И тоа не против било кого, туку против најтрофејниот европски клуб.