Во последниот натпревар од групата „Е“ за пласман од 17. до 20. место, нашите јуниорки загубија од селекцијата на Естонија со 64:76.
Естонките подобро го отворија натпреварот и уште во првата четвртина создадоа предност од осум поени (23:15). Во вториот период нашите млади кошаркарки одиграа далеку подобро, ја намалија негативата и на полувремето заминаа со достижни 35:40.
Клучна за конечниот исход беше третата четвртина, во која Македонија постигна само осум поени, додека Естонија реализираше 18 и стигна до 58:43 пред последните десет минути.
Во завршниот период нашите јуниорки се обидоа да се вратат во натпреварот, но Естонија успеа да ја задржи предноста и да стигне до победа од 76:64.
Најефикасна во македонскиот состав беше Трајковска со 13 поени, на кои додаде четири скока и три асистенции. Освен 11 поени, Колева имаше и осум асистенции и четири скока.
Со овој натпревар македонската јуниорска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Тулчеа.










