Лихтенштајн ги пушти билетите за Македонија – цената од 4,6 до 36 евра

384

Фудбалската федерација на Лихтенштајн, ги пушти во продажба билетите за дуелот со Македонија во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство кој се игра на 8. октомври на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц.

Цените на истите изнесуваат од 5 швајцарски франци (4,6 евра) до 40 швајцарски франци (36 евра).

Исто така има и ВИП билети, кои се купуваат од федерацијата, и нема информација за нивната цена.

ПретходноПочина легендата на Ливерпул и на англиската репрезентација
СледноИ Марсијал во опција за Дортмунд ако замине Халанд