Фабијани не е единствената „фекалија“ во матниот Вардар

1417

Прегазен, понижен, патосиран… Жалната слика на еден првак, на еден клуб, на еден титан која попладнево љубителите на фудбалот ја видоа во Скопје, на големото дерби, на големата пресметка на големите Вардар и Шкендија.

Клубот од Тетово му одржа многу лекции на Вардар во само 90 минути. Скапи лекции, фудбалски, машки и директни. Конечните 0:2 на крајот се и награда за ФК Вардар АД Скопје на Миленко Неделковски (можеше и 0:5 да заврши).

Нели, приватен клуб и таму може да си прави газдата што се си сака. И ете, така и бидна – си прави се што сака иако газда во тој клуб се нема појавено на стадион, на трибини од првиот ден кога започна овој проект. Нема газда има само Миленко Неделковски и ништо друго. Сето останато е боранија во сегашно и минато, но блиско време.No description available.

Оди си Миленко...“, од пред две години на 18 август 2024 година со 10.000 навивачи на дуелот со Пелистер (1:0) и „Оди си Миленко“, денеска 9 август 2026 година против Шкендија (0:2). Пораката е иста но не и тој „хук од трибините“. Трибините се празни, проектот е утната работа а задоволството и профитот само за еден човек. Овој Вардар, овој сегашен тим оваа креација на тешки идиоти и квази менаџери доведоа до тотален колапс и распад систем на еден тим кој на пример лани со Седлоски како тренер и играчи како Донгмо, Мато, Сенгор па и Цветковиќ е друга димензија за овие сегашните скапи, многу скапи засилувања кои залутале по фудбалот, ги собрале од плажите или некаде од пристаништата на Црна Гора а со аргентински пасоши со себе. Поразот, овој пред неколку часа од Шкендија е само доказ на сето она што го најавувавме цело време, цело лето… Промашени летни подготовки, скапи и никакви засилувања, очајни резултати во Европа и ете чашата ја прели Шкендија а што ли ќе биде во иднина ако продолжи овој Вардар да се менаџира на ист начин. Скапите засилувања со големите провизии и еден менаџер во името на Милован Мичо Рогановиќ.

На Миленко Неделковски за танго му беа потребни „двајца“ но тој си собра цела колонија на играчи од Аргентина па и овие Пирес и Родригес за да се случи тотален колапс на тимот кој го изгуби компасот на шампионски клуб со сериозен проект, сериозни спонзори и финансии. Сега танго со кого…!?

Ете пред некој ден си замина првиот асистент Густаво Лопез, утре „одбојкарот“ ќе вади билети и за Кристан Фабијани. Аргентинецот е готов, тој е спакувана роба уште од денот кога дојде со оглед на тоа дека неговиот менаџер му ги натури неговите играчи па така на штета на Вардар се одливаа и ќе се одливаат уште многу илјадници евра во туѓи земји за „фекални“ фудбалери.

Фекалии, Вардар, матен Вардар… Едно да се знае треба во моментов. Фабијани е само мал пиун во големата игра на одредени ликови. Но, тој не е и единствената „фекалија“ која треба да се исчисти од фудбалскиот клуб, стручниот штаб, управата, кампот на клубот…

Многу „фекалии“ има таму. Ова се резултатски и трансфер политика, но таму има основа за многу, многууу покрупни работи. Монструмските работи не може никој да ги покрие, а ако нешто се менува тоа треба да биде квалитет а не „шибицарија“ од Камени мост!

Продолжува… (во текот на утрешниот ден)

ПретходноНестор стрелец, ама Славен Белупо убедливо поразен!
СледноПочина Дон Нелсон, легендата на НБА!(ФОТО)