Секако дека не е сензација Шкендија да слави на дербито со Вардар, туку сензација е тоа на каков начин тоа го направи. Тетовци просто го прегазија шамионот кој може да биде среќен што загуби со 0:2 на Градски како што милуваат вардарци да ја нарекуваат Арената потсетувајќи се на легендарните денови од минатото кога овој клуб е во прашање.
Шкендија одигра маестрално, сепак централна фигура беше Фабрис Тамба, интернационалецот од Сенегал кој беше двоен стрелец.
Нема дилеми дека тој е играч на ова 2.коло а во идеалниот тим покрај него се и неговите соиграчи Манев, Трумчи, Зејнулаи и Ндзенгуе. Тука се и Личина и Демири од Шкендија Арачиново, Наумовски од Скопје, Лавал од Тиквеш, како и Максимов и М.Стојанов од Брегалница.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ФАБРИС ТАМБА
Тим: Шкендија
Роден: 24.01.2004 во Сенегал
Кариера: Ковиља, Беира Мар, Шкупи, Шкендија















