Кошаркарите на Куманово не успеаја да ја минат првата пречка во квалификациите за влез во ФИБА ЕВрокупот. Вечерва во првиот квалификациски меч во Гронинген, кумановци загубија од австрисги Гмунден со 60:83.
Австријците беа далеку подобри во текот на целиот меч. Првиот период го добија со плус 13 (14:27) и со тоа само ставија дознаење дека овде нема да има никакво изненадување. Куманово одигра многу подобро во вториот период, но Гмунден само ја зголеми предноста на полувремето на плус 15.
Во вториот дел Австријците се обидуваа да одржат константа и до крајот мирно да го привршат мечот и да закажат дуел со Гронинген во одлучувачкиот меч за пласман во следната фаза.
Кај Куманово Холмс постигна 16 поени, додека Калеб имаше 13.