Викендов почнува и ВМФЛ: Работнички домаќин во Маџари, мечот Пелистер – Камјани под рефлектори во Битола

415
ФОТО:.facebook.com/fcrabotnicki

Претстојниот викенд со мечевите од 1.коло, стартува новата сезона во ВМФЛ. Интересно ќе биде со оглед на тоа дека тука се и гиганти како Работнички и Пелистер, потоа некогашни шампиони Македонија ЃП и Шкупи.

Познат е и распоредот и сатницата на сите седум мечеви кои се играат во сабота од 17 часот, само Пелистер игра дома во недела со Камјани и тоа од 20 часот под светлоста на рефлекторите.

Интересно е тоа што во Струмица во исто време се играат два меча, на кои домаќини се Брера и Беласица.

ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО ВО ВМФЛ – САБОТА (17 Ч)

Скопје (Ѓ.Петров): Македонија ЃП – Тетекс

Струмица (Пандев): Брера – Еуромилк

Скопје (Маџари): Работнички – Кожув

Охрид: Охрид – Новаци

Скопје (Чаир): Шкупи – Детонит

Струмица: Беласица – Осогово

НЕДЕЛА, 20 Ч

Битола: Пелистер – Камјани

ПретходноНа денот на својот 27-ми роденден: Серафимов со Левски се пласира во плеј – офот во ЛШ!
СледноПромоција: Арсими се засили со Сенегалец, некогашен стопер на Шкупи!(ФОТО)