Некогашниот македонски младински репрезенаттивец, а сега интернационалец, Стефан Јевтоски и официјално стана дел од тимот на ПСМ Макасар од Индонезија. Иако Јевтоски веќе извесен период е дел од овој клуб, денеска конечно е промовиран како нов член на прволигашот од Индонезија.
Се работи за амбициозен фудбалски колектив, каде што условите се одлични и каде што може да се игра на навистина високо ниво.
Јевтоски во Индонезија замина откако заврши неговата епизода во екипата на Струга ТЛ.










