Македонската кадетска репрезентација не успеа да дојде до почетна победа во битката за пласман на Европското првенство “Б“ Дивизија. Нашите кошаркари беа совладани од Ирска со 83-58.
По две релативно изедначени четвртини во кои противникот беше подобар со 37-35, Ирска победата ја обезбеди во третата четвртина која ја заврши со 25-8. Токму овој дел беше клучен за крајнио исход.
Зунзуровски, Коневски и Шабани беа стрелци на 13 поени.










