Бадел 1862 ја отвара јадранската сезона: Стартиот должник гостува во Скопје

100

Екипата на Бадел 1862 денеска ја отвара сезоната во WABA лига во која се враќа после четири години пауза. Во рамките на првото коло, македонскиот вицепрвак го пречекува составот на Монтана од Бугарија, дуелот е закажан со почеток во 19 часот во салата „Независна Македонија“.

Избраничките на Перо Стамески се во одлична форма, тоа го покажаа на мечот против Баскет Кам во рамките на македонскиот Суперкуп, победата ја зголеми самодовербата пред стартот на силното јадранско натпреварување.

Монатана е добро познат противник. Двете екипи се сретнаа во 2016 година, двата меча им припаднаа на гостинките од Бугарија, што пак е дополнителен мотив за баделки пред денешната пресметка, посакуваат реванш и убав почеток на сезоната, како и за прва радост во оваа лига.

„По пауза од четири години,во оваа натпреварувачка сезона, повторно сме учесници во престижната WABA регионална лига. Во претходните учества во лигата,нашиот клуб немаше остварено ниедна победа и од тие причини очекуваме во оваа сезона да ги оствариме првите победи со крајна цел пласман во супер лигата. Фаворитската улога ја препуштаме на гостинската екипа Монтана 2003 која постојано беше учесник во фајнл фор завршницата. Но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме, напротив, кошаркарките се крајно мотивирани, убеден сум дека ќе дадат се од себе за остварување на подобар резултат и што подостојно премиерно претставување на почетокот на сезоната.“, вели Стамески.

Овој натпревар ќе се одржи согласност протоколите за организирање на спортски активности во време на Ковид-19, за влез во сала ќе биде потребен сертификат за вакцина или пак за прележан Ковид-19 во последните 45 дена.

ПретходноПред три години ПЛАЧЕА од Шкендија, а сега го победија Реал Мадрид! (ВИДЕО)
СледноВујовиќ: Алборг е противник по мерка, не смееме да трчаме безглаво!