Вест на годината: Двете сопруги на селекторот се степале, а тој “паднал во несвест“!

413
фото: FIFA World Cup Stats @alimo_philip (X)

Дали е ова вест на годината? Селекторот на на египетската фудбалска репрезентација, Хосам Хасан, “паднал во несвест“ додека неговите жени се тепале.
Хаосот го спречила полицијата која морала да дојде на местото на настанот и ги привела двете актерки од овој инцидент. После тоа, Хасан паднал во несвест поради стрес. Наводно не можел да поверува што видел, па ја изгубил свеста. Првите информации велат дека тој моментално е во стабилна состојба. Целиот скандал крена огромна прашина во Египет, пред сè затоа што шефот на професијата на една од најголемите африкански репрезентации паднал во центарот на бизарниот настан. Надлежните органи потврдија дека морале да интервенираат на терен и да ги приведат учесниците во тепачката, додека официјалните мотиви на овој конфликт ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

Хосам Хасан се оженил со Худа Ел Горбави во 1994 година, со која има четири деца. Иако нивната врска поминала низ сериозни турбуленции и повремени разделби во текот на децениите, египетскиот стручњак секогаш нагласувал дека таа е сè уште негова официјална сопруга. Подоцна, судбоносното „да“ го кажа Дани Адам, чиј брак со Хасан со години ги полнеше рубриките на локалниот печат поради честите правни несогласувања.

ПретходноТабела после 3.коло во ПМФЛ: Шкендија е лидер со максимални 9 бода, и тимот од Арачиново пред Вардар!
СледноАбутовиќ: Во Македонија никогаш не се чувствував како странец!