Мирчевски со гол од пенал го спаси Пелистер од БРУКА!

433
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola/

Уф, за малку! Имено се играше 85.минута кога беше досуден пенал за Пелистер, при резултат 0:1 за Камјани. Одговорноста ја презеде Мирчевски, погоди за 1:1, и со тоа го спаси битолскиот тим од БРУКА, од БЛАМАЖА, од КАТАСТРОФА.

Бадијала беа жестоките протести на гостинските играчи, се знае дека во ВМФЛ нема вар.

Пелистер – Камјани 1:1 е конечниот исход од вечерашниот меч од 1.коло во ВМФЛ кој се одигра на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола. Прво коло и прв кикс на битолчани, којнае, можеби ќе се жалат на теренот, кој секако дека изгледаше ужасно.

Ама да не го победиш тимот на Камјани, кој е дебитант во ВМФЛ и кој водеше со голот на Трпески уште во 31.минута, навистина е премногу.

Вечерва фудбалска Битола “црвенееше“, ама ајде да видиме како ќе се одвиваат работите на следните натпревари за четата на стратегот Борче Христов.

ПретходноГотово е: Родри во Барселона!
СледноОлеснување за сите во Баерн Минхен: Мусиала се чувствува добро