Себастиен Тил е фудбалер кој доаѓа од Луксембург, така мала земја која досега немала претставник во Лигата на шампионите, а веројатно и ќе нема во блиска иднина.
Тил во моментов игра за Шериф, и вчера не само што го исполни својот сон, туку со голот против Реал со кој му донесе победа, оствари повеќе од тоа.
Тил како мал сонувал еден ден да заигра во Лигата на шампионите. Тоа го прикажал преку тетоважа на ногата во која стои самиот тој и облаче во кое е пехарот од Лигата на шампионите.
Пехарот тешко дека ќе го освои, но Тил во моментов ужива во остварување на своите соништа. Шериф е хит на сезоната, и вчера ја направи можеби и најголемата сензација откако постои Лигата на шампионите со победата над Реал и тоа сред Мадрид.
Доказ дека соништата понекогаш се остваруваат.
Интересно е тоа што Тил е херој и на својот Лукемсбург. Тој го постигна единствениот гол за победата на оваа селекција над Македонија во 2015 година.
Во 2017 година, пак, за малку избегнал затвор. Тој во пијана состојба направил сообраќајка, откако удрил неколку возила и избегал од местото на настанот. Тил потоа бил фатен, се извинил за инцидентот, платил казна, а бил осуден на 43 месеци забрана за возење. Тогаш се чинело дека неговата кариера е готова, но тој се врати и го исполни сонот.