Македонскиот интернационалец и репрезенативец Никола Серафимов денеска од 21:00 часот со својот тим Левски Софија, го игра првиот од двата дуели од плеј офот за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Стоперот денеска пред преполните трибини во Софија ќе се обиде заедно со своите соиграчи да создаде домашна предност пред реваншот во Атина, и да си ја отвори уште повеќе вратата кој групната фаза од најелитното фудбалско клупско натпреварување на планетава.
Серафимов на стартот на оваа сезона има полна минутажа во Левски што ќе рече дека во моментов го игра фудбалот на својата кариера.










