Амелиа Николов и Кристијан Станојковски ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Љубљана, Словенија кое ќе се одржи од 11 до 18 октомври.
На најпрестижното континентално првенство ќе настапат учесници од 40 земји, а пред ЕП, Николов и Станојковски ќе поминат низ подготовки предводени од четирикратната светска шампионка Шанг Јининг од Кина.
Ова ќе биде одлична можност за нашите најдобри пингпонгари да се престават на континенталниот собир.










