И официјално. Ракометниот Суперкуп ќе се игра во Гевгелија на 2 септември (среда) со почеток од 19 часот во салата “26 април“.Познато е дека во битка за пехарот силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и ГРК Охрид. Ова официјално беше соопштено од Ракометната федерација на Македонија попладнево.
Јасно е дека ова ќе биде уште еден спектакл, а ракометните фанови во Гевгелија, како и во цела Македонија ќе може да прослесат уште една голема битка на двата големи ривали во мак – ракометот.
Како што велат од РФМ, информациите за продажба на билетите, како и линкот за онлајн купување, ќе бидат дополнително објавени.
Со овој меч во Суперкупот, ќе стартува и новата сезона во мак – ракометот која се очекува да биде супер интересна, ако се знае дека покрај Вардар и ГРК Охрид, тука се и силните Алкалоид и Пелистер.










