Тимот кој треба да биде промовиран во нов Супер-лигаш – Соколи Штип продолжува со создавање на ростерот. Во својот состав тренерот Марјан Србиновски го додаде и Никола Караколев, кој ќе ја има улогата на капитен.
„Со своето огромно искуство, лидерски дух и безрезервна борбеност, капитенот Никола Караколев ќе го предводи нашиот нов тим и во претстојната сезона!
Подготвен за новите предизвици и максимално мотивиран, тој ветува дека екипата ќе се бори за секоја топка, секој поен и секоја победа – до самиот крај!
Капитенот и неговите соиграчи ја очекуваат и поддршката од трибините, затоа што најверната публика отсекогаш била и ќе остане нашиот незаменлив шести играч“, се вели во известувањето на Соколи Штип.










