Славиќ ја спушти „ролетната“: Неверојатен кам-бек на Охрид за ново финале против Вардар

309

Вистинска драма во СЦ “Билјанини извори“ во битката за финале на турнирот „Крсте Андоновски“. Загреб водеше и со пет гола разлика, но ГКР Охрид успеа да се врати и да дојде до само еден гол негатива во последните две минути, а потоа на крилата на Славиќ и Ѓукиќ конечно и да се избори за реми 30-30 кое значеше последен чекор до обрана на трофејот.

Неверојатен на голот на Славиќ кој запиша 13 одбрани, девет во второто полувреме. Прв стрелец беше Доминик Мате со шест погодоци.

Дрмата почна пред самиот крај. Охриѓани полека, но сигурно ја топеа предноста на противникот. Карачиќ не успеа да реализира при 29-30 на нецела минута до крајот, Славиќ повторно се најде на вистинското место и го отвори патот на својот тим кон израмнување.

Ројевиќ ги повика своите момци, ја нацрта акцијата, но Иванковиќ не успеа да постигне гол за посакуваното реми кое го носеше ГРК Охрид во финале. Славиќ со нова одбрана повторно го стави својот тим на гол до финале, а Џукиќ израмни на 30-30. За Загреб останаа шест секунди, но не успеа да дојде до погодок.

Во финалето ГРК Охрид ќе игра против Вардар, ова е втора битка меѓу двата тима во краток период после турнирот во Струга кој им припадна на охриѓани.

ПретходноМомент за паметење: Македонските дечиња на терен со Ибрахимовиќ, Карабатиќ…(ВИДЕО)
СледноАрсенал ја отвори сезоната во шампионски стил, Ковентри немаше шанси на „Емирати“!