Фудбалерот на Арсенал Гранит Џака поради повреда на коленото ќе паузира три месеци, соопштија од лондонскиот клуб. Швајцарецот се повреди во неделата на градското дерби против Тотенхем.
„Џака веќе почна да работи на програмата за заздравување и рехабилитација, а целта ни е играчот да се врати во акција за околу три месеци“, соопштија од Арсенал.
Идното коло „топчиите“ му гостуваат на Брајтон.