Шампионот отвори фуриозно, Тиверија Брера со најубедлива победа!

119

И официјално стартуваше новата сезона Фудбалското првенство на Македонија во женска конкуренција.

Шампионот Скопје на стартот го совлада Кочани со 4:0. Домаќинот поведе со погодокот на Глорија Тодорова во 13. минута. Во 28. Сара Коларовска зголеми на 2:0, а само три минути подоцна Рабија Дервиши го постигна третиот погодок за Скопје. Конечните 4:0 ги постави Мила Панева со голот во 44. минута.

Најубедливата победа на стартот ја забележа Тиверија Брера која триумфираше над Пелистер Про со 7:0.

Билјана Панеска во 22. минути и носи предност на домашната екипа, а во 30-тата Теона Голабовска зголеми на 2:0. Третиот погодок беше дело на Панеска во 58. минута, а во 67. Голабовска повторно се запиша меѓу стрелците. Три минути подоцна Павлинка Николовска и донесе водство на Тиверија Брера од 5:0. Ивана Илиева во 78. им носи предност на струмичанки од 6:0, а последниот гол беше дело на Голабовска.

Во градското дерби Истатов како гостин славеше против Вардар со 2:1.

Гостинките поведоа преку Ива Здравевска во деветата минута. По половина час игра, Џенита Кицара израмни на 1:1, а победата на Истатов ја донесе Радица Чонева во 53. минута.

Љуботен забележа победа од 4:1 во мечот против Каменица Саса. Тетовки поведоа со голот на Хава Мустафа во седмата минута. Улза Максути во 38. зголеми на 2:0, а третиот гол беше дело на Ива Јованоска по прецизно изведен удар од 11 метри. Калина Попески во 72. го постигна четвртиот гол за Љуботен, а во 84-тата Христина Јовановска го постигна единствениот погодок за гостинките.

Во последниот натпревар од првата рунда Речица и Ас Јунајтед постигнаа по еден гол и освоија по бод. Ас Јунајтед поведе во последната минута од првиот дел преку Ихдина Речи, а израмни Вања Ристиќ во 58. минута.

ПретходноАнгели со промена на тренерското место, Мокров на местото на Гацов
СледноФудбалерите до 15 години поуспешни од Естонија