Цело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ

154

Раководството на белградски Партизан и главниот тренер Саша Илиќ ќе поднесат оставка по реваншот против Хетафе, без оглед на резултатот од натпреварот, соопшти клубот од Хумска. Новото раководство ќе го одлучи Собранието на клубот, чија седница е најавена за периодот од 21 до 25 септември.

Повод за оставките се моменталната состојба во клубот и резултатите во домашното првенство. Во соопштението се наведува дека раководството ја презема целосната одговорност за постигнатите резултати и дека нивното заминување нема да биде условено од исходот на друг натпревар.

За потсетување, Младост од Лучани го победи Партизан со 3:1 на домашен терен во натпреварот од шестото коло на српската Суперлига. Пред тоа, црно-белите претрпеа пораз од Хетафе во плејофот од квалификациите за Конференциската лига.

ПретходноФудбалерите до 15 години поуспешни од Естонија
СледноПочна тренерската клиника во Скопје