Фудбалерите до 15 години поуспешни од Естонија

88

Во вториот натпревар на развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија ја совлада Естонија со 1:0.

Избраниците на селекторот Горан Георгиевски одиграа одличен натпревар во кој за жал постигнаа само еден погодок иако во текот на деведесете минути имаа неколку одлични можности, а на два пати и ја погодија пречката на противничкиот гол.

Натпреварот беше решен во финишот од првото полувреме кога во 40. минута Леис Факиќ успеа да го совлада гостинскиот голман.

Во последниот дуел на турнирот Македонија в среда за противник ја има репрезентацијата на Украина.

МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА 1:0 (1:0)

Стадион: Тренинг центар Горан Пандев (Струмица)

Судија: Јордан Јовановски

Помошници: Иван Танев, Стефан Митров

Четврти судија: Блаже Петковски

Стрелец: Леис Факиќ 40 минута

МАКЕДОНИЈА: 1. Давор Грабуловски, 2. Артан Рамадани (7.Леис Факиќ 35), 4. Калин Арсовски (10.Габриел Фударски Митев 35), 5. Максим Мечкаровски, 5. Марко Мартиновски (17.Џемал Алили 79), 11. Стефан Шилковски (13.Стефан Дрндаровски 79), 14. Леонид Ристов (3.Стефан Петковски 35), 16. Хари Папиќ, 18. Адем Вукељ (9.Ангел Симоновски 46) (15.Ненад Јовановиќ 87), 20. Огрес Елези (19.Аник Исуфи 46), 21. Убеит Муадини (8.Амир Бафтијари 46)

ПретходноШампионот отвори фуриозно, Тиверија Брера со најубедлива победа!
СледноЦело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ