Австрија нека се плаши: Димитријевиќ и Рајт во стројот, Македонија во најсилсен состав

252

Македонската кошаркарска репрезентација стартуваше со подготовките за првиот меч против Австрија во рамките на претпоследниот квалификациски цикслус за пласман во квалификациите за Европското првенство.

Во составот на Македонија се врати најдобриот наш кошаркар на денешницата Ненад Димитријевиќ, а новитет е Мозес Рајт, играчот кој доби македонски пасош.

Нашите кошаркари се слободни во првото коло, па дуелот против Австрија е закажан за 30 овој месец во Виена со почеток во 16:05 часот.

Велиме дека дуелот со Австрија е многу важен бидејќи со победа ќе завршиме половина од работите за пласман во квалификциите за ЕП на кое не сме се пласирале од 2015 година.

ПретходноИ Хајдари со сребро за Македонија
СледноДимитријевиќ: Ќе дадам сè од себе за да стигнеме до Европското првенство