Ристовски е скромен: Не ми се важни одбраните, важно ми е тимот да победи!

340

Вардар 1961 го урна актуелниот европски вицепрвак. Во СЦ „Јане Сандански“ го совлада опасниот Алборг со 30-28 во рамките на третото коло и вечерва ќе остане на лидерската позиција на табелата во групата А.

Ракометарите одлично ги спроведоа наредбите од Веселин Вујовиќ, кој уште вчера најави дека против еден ваков противник мора да се одигра цврсто во дефанзивата, а за да истата биде посилна се погрижи Борко Ристовски, мечот го заврши со 16 одбрани.

„Сум кажал многу пати не ми се важни одбраните, важна ми е победата. Во претходните мечеви Мартин беше добар, но кога има вакви мечеви, тука сум да помогнам јас и останатите голани. Ова беше тежок меч, не е лесно да се игра против Алборг, иако на трибини изгледаше така. Ние потајно се надевавме дека ќе победиме, иако јавно не го кажувавме. Ова е еден убав почеток, но не треба да се залетуваме, треба да уживаме во секој меч“ изјави Борко, имаше три одбрани од седум метри. 

ПретходноЛШ: Зенит го „здроби“ Малме, Песина за победа на Аталанта (ВИДЕО)
СледноВујовиќ: Среќен сум, но мора да газиме цврсто на земја, нема да биде вака се розево!