ЛШ: Зенит го „здроби“ Малме, Песина за победа на Аталанта (ВИДЕО)

101

Фудбалерите на Зенит многу полесно од очекуваното ги освоија првите три бода во групата „Х“ во Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен со 4:0 го совладаа шведски Малме. Русите отворија со голот на Клаудињо веќе во 9. минута и континуирано се закануваа кон противничкиот гол.

Вториот погодок за Зенит беше дело на Кузјаев на самиот почеток на второто полувреме, по што гостите останаа без Анел Ахамедхоџиќ, кој заработи црвен картон и го остави својот тим со играч помалку цели 30-тина минути.

Со голот на Сутормин, Зенит во 80. минута ја потврди убедливата победа, а Вендел во петтата минута од продолжението само ги постави конечните 4:0.

Неизвесен меч видовме во Бергамо, каде Аталанта со голот на Песина во 68. минута успеа да дојде до трите бода против жилавиот гостин. Голот дојде по една голема грешка на гостинските дефанзивци. Запата украде топка, убаво го проигра Песина кој погоди за победа.

ПретходноВеспрем и Манасков го добија супер-дербито со Барселона
СледноРистовски е скромен: Не ми се важни одбраните, важно ми е тимот да победи!