Рељиќ со бронза од Светско: На пиедесталот Кина, Русија и Македонија

104

Одлични вести од Далечниот исток. Нашата најдобра спортистка за 2024 таеквондистката Милијана Рељиќ на Отвореното Светско првенство за Жени Г-4 во Таијуан, Кина освои БРОНЗЕН МЕДАЛ. Во категоријата -62кг каде имаше 43 натпреварувачки Милијана во првото коло издвојува победа над домаќинката Јијао Санг од Кина со 2:0 во рунди, во следното коло беше поуспешна од Узбекистанката Мохидил Уктамјонова со тесен резултат од 2:1 во рунди. Во борбата за медал Мила беше поуспешна од претставничката од Тајпеј Чиа Веи Ванг исто така во нерешена борба со 2:1 во рунди. Мора да напоменеме дека во втората рунда Мила губеше со 0:4 на поени и на 2 секунди пред крај со извонредно тежок удар со лева нога и зема 6 поени и направи целосен пресврт од 6:4. Така стигна со полуфиналето каде се сретна со Руската претстсавничка Софија Мотлок. Во тесна борба и буквално десетинки не делеа да стигнеме до финалето, сепак русинката беше поуспешна со 1:2 во рунди. Ова е извонреден резултат и дополнителни 14,4 поени што ќе ја вивнат Мила во први 16 на Олимписката ранкинг листа и на одличен пат за норма за Лос Анџелес 2028. No description available.

ПретходноПо вчерашната тешка брука се огласи и Ц.Звезда: Најтежок пораз во поновата историја на клубот!
СледноПолувреме во Кратово: Мрежите мируваат, ВАР му поништи гол на Ибраими!