Ракометарите на РК Алкалоид остварија сигурна и убедлива победа во Регионалната лига, откако на домашен терен го совладаа црногорскиот претставник РК Ловќен со резултат 54:37.
Натпреварот помина во знак на целосна доминација на домашниот состав. Уште во првото полувреме Алкалоид диктираше брзо темпо и замина на пауза со двоцифрена предност од 27:17, најавувајќи го високиот триумф.
Нападот на сините функционираше беспрекорно, а најефикасен на теренот беше Урош Борзаш кој постигна 8 гола. Голема поддршка во офанзивата му дадоа Нејц Цехте, Емилијан Ѓорговски и Александар Петковски, кои се запишаа во стрелците со по 7 погодоци.










