Бледиот Ливерпул едвај извлече бод дома против Нотингем Форест

87
фото: Premier League (X)

Ливерпул повторно не успеа да победи во Премиерлигата, откако на „Енфилд“ одигра само 2:2 против Нотингем Форест. Гостите двапати имаа предност, а „црвените“ мораа да се спасуваат од пораз пред домашната публика.

Форест поведе во 24. минута преку Дан Ндоје, а Ливерпул израмни во 60. минута со голот на Александер Исак. Сепак, радоста на домаќините траеше кратко. Во 70. минута Морган Гибс-Вајт реализираше пенал за ново водство на гостите.

Ливерпул потоа тргна во офанзива, а притисокот резултираше со израмнување во 82. минута, кога Виктор Муњоз со атрактивен удар го постигна својот прв гол за клубот.

За Ливерпул ова е второ реми во првите две кола, по оние 2:2 на гостувањето кај Њукасл. Новиот тренер Андони Ираола сè уште ја чека првата победа во Премиерлигата.

ПретходноНорис и Мекларен продолжуваат заедно до 2030 година
СледноМарк Маркез е „крал“ на спринтот во Арагон