Раководството на ФК Брегалница поднесе официјално барање до Фудбалската федерација на Македонија за промена на терминот на натпреварот од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига против ФК Скопје.
Средбата првично е предвидено да се одигра во Штип на 19 септември, но истиот ден на градскиот стадион ќе се одржи манифестацијата „Пастрмалијада“. Поради преклопувањето на двата настани, клубот побара натпреварот да биде одложен, односно да се најде нов термин за негово одигрување.
Сега ќе се чека одлуката за промената на датумот кој е во надлежност на Фудбалската федерација на Македонија.















