Ново убедливо издание: Пелистер против Дубочица се загреваше за ГРК Охрид

282

Пелистер за кратко време нареди победи во Регионалното натпреварување. Третата победа во низа актуелниот македонски вицепрвак ја запиша на сметка на Дубочица, тим против кого славеше со убедливи 38-24 (18-13).

Ова воедно и беше последен натпревар пред стартот на македонската Суперлига и натпреварот во Охрид во недела на 6 септември.

Овој натпревар беше решен после првото полувреме по кое битолчани имаа позитива од пет гола. Доминацијата на македонскиот тим продолжи и во следните 30 минути.

Овој пат лидер во редовите беше Петар Атанасијевиќ со 11 погодоци, зад него беше капитенот Филип Кузмановски со 8 гола.

Претходно Пелистер славеше против Партизан и Ловќен.

ПретходноПМФЛ: Храбар Тиквеш! Вардар спаси бод а цел час имаше играч повеќе!
СледноФФМ: ВАР правилно постапи за директниот црвен картон на ФК Тиквеш