ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Артим Положани (Шкендија Тетово)

107

Шкендија едноставно не знае за доста. Пет меча, пет победи а три од нив против директни ривали за титулата. Со Вардар и Силекс на гости, со Струга ТЛ дома. Шкендија во првите пет кола едноставно покажува шампионски шмек. На Вардар му избега по само пет кола дури 8 бода, на Силекс исто 8 а на Струга ТЛ 5 бода.

Во петокот и во Кратово тимот на стратегот Артим Положани покажа сила, покажа класа и покажа дека во моментов нема вистинска конкуренција. Се разбира дека е рано за детални анализи и генарални прогнози, ама како тргнала оваа Шкендија тешко дека некој ќе може да ја запре во походот по својата шеста титула.

Поради се ова, а најмногу поради победата во Кратово, за нас немаше никакви дилеми дека Артим Положани е тренер и на ова 5.коло.

ПретходноБелистојаноски ќе се бори за злато на Медитеранските Игри
СледноСкопје повторно ќе биде домаќин на меѓународен ракометен шампионат!