Белистојаноски и го донесе првото злато на Македонија

174

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски го освои златниот медал на Медитеранските Игри во Таранто. До првото вакво одличје за нашата земја дојде доминатно.

Во категоријата до 67 килограми, Белистојаноски во финалето го совлада Боран Берак од Хрватска со убедливи 6-0.

Ова беше четврта победа во низа за македонскиот каратист, четврта остварена со апсолутна доминација.

Во полуфиналето славеше сигурна победа, против Балиотис од Грција со 5:1.

За потсетување во осминафиналето македонскиот репрезентативец го совлада Алмасалмех од Сирија со 6:1, а во четвртфиналето беше подобар од Италијанецот Мареска со 2:0.

ПретходноВасил Гогов е нов капитен на Вардар, негов заменик е Малус!
СледноМурињо испрати емотивна порака до Меси