Од час во час се менуваат нештата кога станува збор за нашиот Бојан Миовски. Имено откако вчера и утринава во медиумите во Шкотска и Холандија се пренесе дека Македонецот би можел направи трансфер од Глазгов Ренџерс во Феенорд, попладнево дојде демант директно од холанскиот гигант.
Сепак дека има интерес за нашиот “бомбардер“ говорат последнит информации дека Бојан Миовски до крајот на преодниот рок сепак би можел да потпише за клуб кој ќе игра во ЛШ, и тоа во Ласк од Австрија.
Да споменеме дека името на Миовски во текот на изминатите денови се поврзуваше и со клубови од Турција. За него, како и за нашата репрезентација најважно ќе биде тој да игра во клуб каде што ќе има адекватна минутажа и со тоа да го искаже сиот свој неспорен квалитет.










