Цвитановиќ не сака, спасот за Вардар е црногорецот Божовиќ

634

Можноста Марио Цвитановиќ да седне на клупата на Вардар отпадна уште во првите 48 часа по најавата дека тренерот од Хрватска имал контакти за да го преземе македонскиот првак.

Од она што го дознаваме, споменатиот тренер се распрашувал кај пријатели од земјава, од кои добил информации по кои одлуката била сведена само на едно големо „НЕ“.

Па така, Вардар по заминувањето на фалениот Кристијан Фабијани сега останува со дел од неговите помошници, што е уште еден показател дека клубот во моментов делува премногу несериозно за домашната сцена.

Она што сега е во фокусот кога станува збор за нов тренер е Миодраг „Гроф“ Божовиќ. Тренер кој беше во плановите на „црвено-црните“ уште пред две години и човек со навистина богата кариера.

Во долгата тренерска кариера, Божовиќ бил на клупата на дури 23 клубови, а последен пат го предводеше составот на Будуќност, каде што се задржа само неколку месеци.

Божовиќ бил тренер на Црвена Звезда, Борац Чачак, Пафос, Естегал, а најмногу работел во Русија, каде што ги предводел Локомотив, Ростов, Амкар, Динамо Москва…

На Вардар под итно му треба нов тренер, а Божовиќ би бил добар избор. Иако, тука постои и таа црногорска „лузерска“ врска која во последниот период го доведе клубот до хаос.

ПретходноДенеска стартува и сезоната во Купот: Струга ТЛ против Победа (В), Вардар игра утре со Овче Поле
СледноЗверев преживеа пет часовен „пекол“ (ВИДЕО)