Де Ла Фуенте: Родри е Меси на шпанскиот фудбал! (ФОТО)

86
ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Де Ла Фуенте во интервју за Радио Марка изнесе неколку интересни видувања. Покрај другото тој го пофали Родри, велејќи дека тој е Лионел Меси на шпанскиот фудбал. Националниот тренер верува дека трансферот на играчот од средниот ред во Барселона може само да му користи на фудбалот во земјата, а воедно нагласи дека Родри е најдобар во светот на својата позиција.
„Родри е Меси на шпанскиот фудбал“, рече Де Ла Фуенте.
Селекторот го изрази своето восхитување од Лионел Меси, кој го објави своето пензионирање од репрезентацијата на Аргентина.
„Тој е легендарна фигура во фудбалот. Ќе се пензионира кога ќе посака, фудбалот нема да го напушти“, коментираше Де Ла Фуенте.

ПретходноКуп на Македонија: Струга ТЛ броеше до 10, „Лавовите“ до 14, и Пелистер и Брера убедливи
СледноМика Муринен има проблеми со полиција – возел без возачка дозвола!