МИ 2026: Ивановски заврши на 7. место на трката на 10.000 метри

150
фото: Атлетска федерација на Македонија (Facebook)

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски го освои седмото место на трката на 10.000 метри на Медитеранските игри во Таранто.

Ивановски беше еден од најискусните македонски претставници на Игрите, а настапот во Таранто доаѓа по одличната сезона во која постави нов национален рекорд на 10.000 метри. Тој денеска во силна конкуренција истрча време од 29:58.82 минути оставајќи зад себе тројца атлетичари.

На врвот златото му припадна на Саид Амери од Алжир кој истрча личен рекорд 28:31.26 минути, додека среброто и бронзата одат за Мароко на градите на Мустафа Акауи и Хучам Улада.

ПретходноАндреј Велков повторно во дресот на Брегалница
СледноМакедонија на 65. место на најновата ФИБА ранг-листа