Серафимов со тешка повреда на раката!

130
ФОТО: dsport.bg

Непријатни вести од Софија. Имено синоќа на мечот Славија Софија – Левски Софија, нашиот репрезентативен стопер Никола Серафимов се здоби со потешка повреда на десната рака. Македонецот во дресот на Левски, имаше незгоден пад при што страдаше лактот на раката. Веднаш му беше укажана лекарска помош, а според информации од медиумите во Бугарија, Серафимов веднаш бил пренесен во една од болниците во Софија.

Допрва се очекуваат подетални информации за тоа од каков вид е повредата и дали и колкава ќе биде паузата.

Секако дека е ова е непријатна вест за нашата репрезентација и селектор Гоце Седлоски во пресрет на стартот во Лигата на Нации.

ПретходноПрва тренерска битка во Ла Лига: Флик и Мурињо во трка за тренер на месецот
СледноЕлези со гол во 90+6.минута му донесе победа на Сараево!(ВИДЕО)