Тимот на Скопје во последните неколку денови од активниот преоден рок летово, реши да се засили со уште еден млад играч.
Се работи за македонскиот младински репрезентативец, Осман Хасановиќ кој што доаѓа откако престојуваше во Битола во тимот на Пелистер.
Тој е перспективен млад играч кој што секако е подготвен да се бори за што поголема прволигашка минутажа, а на Автокоманда секогаш приоритет имале младите играчи.
„Пиратите“ по пет одиграни кола сезонава имаат освоено три бода.















