Дисциплинска комисија при ФФМ: Црвениот картон на Лавал чини три меча суспензија

114

Познати се одлуките од најновата седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија.

Најважната секако е онаа со која што играчот на ГФК Тиквеш, Лавал Емануел, е казнет со три меча суспензија поради директниот црвен картон добиен на дуелот против Вардар во Кавадарци. Ударот со лакт во Филип Најдовски од страна на арбитрите, а и ВАР проверката беше оценет како исклучувачки, а казната очигледно од ФФМ сметаат дека е и прикладна за тој потег.

Одлуките од денешната седница ви ги пренесуваме во целост.

Златко Ристов кондициски тренер на ФК Македонија ЃП  се казнува со забрана на вршење на функција во траење од еден месец.

Против ФК Македонија ЃП се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација односно користење на пиротехнички средства и фрлање на предмети во терен на натпреварот од 3. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Македонија ЃП-ФК Пелистер.

Против ФК Шкупи 1927 АД  се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација односно фрлање на предмети во терен на натпревар од 3. коло во Втора МФЛ меѓу екипите на ФК Шкупи 1927 АД-ФК Тетекс 1953.

Фудбалерот на ГФК Тиквеш 1930 АД,  Лавал Емануел се казнува со забрана на настап на три натпревари

ФК Шкендија Арачиново се казнува со 2500  евра поради слаба организација односно фрлање на предмети во терен присуство на неслужбени лица во службени простории вербален напад на судијата на натпреварот.

ПретходноХерера и Елези во тимот на колото во Босна
СледноОфицијално: Герсон Родргиес повеќе не е член на Вардар